„Либеро Бенд“ најавија нов летен хит

Момците од „Либеро бенд“ летово најавија нова песна под наслов „1001“. Песната се очекува да излезе деновиве, а од бендот велат дека е со модерен ритам и лесно за паметење и пеење.

Песната „1001“ е дело на Слаткар, а текстот и музиката се на Дејан Стојановиќ. Бендот во моментов работат и на спотот, кој е во режија на Даниел Јовески. Видеото го снимаат во Охрид, а промоцијата се очекува за неколку дена.

Scroll to Top