Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е на „Златна бубамара на популарноста“ која е веќе во тек во Вип арената „Борис Трајковски“. Годинава хумористилно-сатиричната приредба на Ранко Петровиќ, првиот човек на Буба Мара е под мотото „Подобар живот за сите“.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, реши да одмори малку од обврските и да биде дел од друштвото на „Буба Мара“. Ама, додека сите гледаат во Кили, Мицкоски гледа во телефонот.