Дизајнерот Златко Јовановски денес го коментира стилот на позната водителка Лила Филиповска и на претседателот на Меѓународниот сојуз – Скопје, Бојан Јовановски. Познати по долгогодишната дружба, Лила и Боки 13 речиси секогаш каде и да се појават стилски одлично се стокмени.
„Прекрасни се и двајцата. Облечени во последните колекции на светските дизајнери, навистина се топ. Ми се допаѓаат боите на тоновите кои комплетно прилегаат на вечерните излегувања. Лила знае како да го извлече својот максимум со ременот на половината, длабоко деколте, должина на наметката, како и тенките ремчиња за ефект на издолжување на ногата“, ја пофали Златко.
Боки и Лила се сликани на роденденот на Бојан, на кој му дојдоа познати лица од јавната сфера.