Лила: Лани се прашував дали ќе го дочекам летото, џабе е сè ако не уживаш во животот

Лила Филиповска со чаша шампањ и кеса од шопинг, во Бодрум,  наздрави и ја отвори сезоната на бикини и море. „Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот. Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив. Сега година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби и кеифови без заддршка. Па џабе живееш ако не уживаш во животот! А и полесно е кога имам неколку ама вистински пријатели‘, вели Лила.

Таа пред некој ден објави фотка и како ужива во аква парк во костим за капење и рече : Детето во мене никогаш нема да порасне. И кога некогаш ќе заглавам во светот на возрасните брзо наоѓам начин да се вратам. Сите возрасни некогаш беа деца ама ретко кој се сеќава. Еве јас се потсетив денес во овој аква парк и немој да ме барате денес, имам нешто работа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Scroll to Top