Лина Ѓорческа ќе игра за титула во Куршумлиска Бања

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра финале на турнирот во Куршумлиска Бања.

Во денешниот меч со 2:0 во сетови ја совлада Кристина Дину од Романија. Pрвиот сет го доби со 6:4, a во вториот прикажа уште поубедлива игра и го освои со 6:2.

Противничка во битката за трофејот на Ѓорческа ќе ѝ биде Русинката Јулија Авдеева. Според ранкигот Ѓорческа важи за фаворит за освојување на трофејот.

Scroll to Top