Лина Ѓорческа победи во првото квалификациско коло на Ју Ес опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во второто квалификациско коло на ЈуЕс опен во Њујорк, откако успеа да ја победи поранешната топ 30 тенисерка, Американката Лорен Дејвис. Лина губеше 1:0 во сетови, а победи со 2:1 (6:7(2)/7:5/6:3).

Ѓорческа во моментов е на 604. место на ВТА-листата. Таа во следното коло ќе игра против 21-годишната Хрватка, Јана Фет, која е 128. рангирана тенисерка на светот.

Scroll to Top