Љубов моја единствена, Тијана му го честита роденденот на сопругот

Со неколку заеднички слики од времето кога се запознале па до денес, пејачката Тијана Дапчевиќ му го честита роденденот на сопругот Милан. Таа сликите ги објави на „Инстаграм“.

„Љубов моја единствена, среќен и прекрасен ден, да си среќен, здрав, насмеан и спокоен уште два пати по толку. Те сакам“, напиша Тијана.

Тијана и Милан се во брак 18 години. Тие се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор и неколку дена потоа почнале да живеат заедно. Двојката го има синот Вук.

Scroll to Top