Љубовната романса помеѓу атрактивната пејачка Зорица Блажева, односно Зои Блаж и ракометарот на РК Металург, Тадеј Матијашиќ преку социјалните мрежи предизвика голем интерес, а сега тие заедно заминаа во Словенија каде ќе останат подолг период.
Пејачката за Репортер вели дека во Словенија ќе останат се додека комплетно не се рехабилитира Тадеј, но и воедно и е драго што конечно има прилика да го запознае целото негово семејство и да се дружи со нив.
– Дојдовме во Словенија и на одмор, но и на рехабилитација за Тадеј. Сакаме да се видиме со целото негово семејство и засега планот е да седиме подолг период. Ќе уживаме и ќе се дружиме, а потоа се враќаме турбо на работа, вели Блажева за Репортер.
Матијашиќ за еден регионален медиум најави дека по неговото комплетно опоравување, тој ќе се врати на сцената многу посилен од досега, а одморот со саканата Зои и семејството дефинитивно ќе ги наполни неговите батерии.