Кристијан Станковски-Бомбакис, кој во јавноста е познат по транспарентите, деновиве ја објави книгата „Живот“ со која прослави две години без рак.
Тој уште лани говореше за својата битка со тешката болест, а овој пат со емотивна објава на Инстаграм повторно си ја отвори душата.
„Ми велат, премлад си, имаш 30 години, што знаеш ти што е живот, кој си ти да пишуваш книга, сѐ уште не си поминал ништо. Навредуваат, пцујат, без да те запознаат.
Но не им се лутам, не би бил ‘позитива’ кога би се лутел. И јас бев таков пред да го сменам животот за 360 степени. Прекинав да судам, не му судам никому и не зборувам никому ништо сѐ додека не го запознаам човекот. Потоа ќе процениш дали е добар или лош. На некои луѓе животната линија им е мирна. За жал, јас овие 30 години имав доста тахикардии што ми ја носеа животната линија од крајност во крајност. Горе-долу, драги читатели. Немаше никаква средина. Ама така требало да биде. Затоа, откако ќе ја прочитате оваа книга, вие ќе ме запознаете, тогаш ќе имате право и да ми судите“, рече Бомбакис.
View this post on Instagram
Лани Бомбакис за првпат проговори дека се соочувал со оваа болест. Тој објави транспарент во негов стил и напиша „Една година без рак“, по што доби огромна поддршка од јавноста, која дотогаш се забавуваше со неговите интересни и позитивни пораки испишани на картони. Тој се сликаше и со Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Викторија Лоба и многу други. Дел од парите од продажбата ќе одат во хуманитарни цели.“
Една година без рак: Бомбакис на транспарент напиша емотивна порака за себе