Биснисменот и сопственик на Универзитетот ФОН, Фиат Цаноски, вчера ја омажи ќерката Егзона. Таа во мај годинава направи веридба со Мехмед Џан од Скопје со кого беше во врска една година. Егзона за свадбата избра венчаница со длабоко деколте од тантела и кристали, што ја следи линијата на телото, а на главата носеше дијадема и вел. Мехмед беше облечен во елегантен црн костум во три дела, со елек и машна-пеперутка.
Свадбата почна во домот на Цаноски, а Егзона од дома ја изведоа нејзиниот татко и братот Сефер.
Со фотографии на социјалните мрежи Егзона се пофали дека се омажила. „Запознајте ги Мемедови“, напиша таа.
Неколку фотографии од свадбата сподели и нејзиниот постар брат Сефер Цаноски. „Ја дадовме, најсреќна да си“, напиша тој покрај фотографиите и доби бројни честитки за среќа на неговата сестра.
Ова е втора свадба во семејството на Фиат Цаноски оваа година. Синот Сефер се ожени во мај за Сезан Баш, Германка со турско потекло. Свадбата ја направија во Истанбул. Сефер претходно 10 години беше во брак со ќерката на Велија Раковски, Лејла, со која има две деца.