Ќерката на Анабела Атијас и Гаге Џогани, Луна, наскоро ќе сними три песни кај Дарко Димитров. Нејзината мајка за песните на македонскиот композитор и продуцент, наводно, ќе му плати 20.000 евра, пишува „Свет“. Анабела решила Дарко да ѝ ги прави песните на Луна откако тој ѝ продуцираше две песни на Анастасија Ражнатовиќ и двете песни веднаш станаа хит.
Луна во моментов е дел од реалното шоу „Задруга 2“, но откако ќе заврши шоуто, ќе дојде во Скопје да ги сними песните. Идејата да почне музичка кариера ја имала и лани, но снимањето на песните го одложила заради учеството во реалното шоу. Во „Загруга“, пак, на неколку месеци се одржува музичкото натпреварување „Задруговизија“ на кое пеат сите учесници во шоуто, а Луна е победник на скоро сите натпревари.
„Од членовите на жирито на ‘Задруговизија’ Луна главно добиваше пофалби за пеењето, но и за сценскиот настап. Многумина ѝ рекоа дека Луна има слух, па затоа Анабела одлучи дека сега е вистинско време ќерка ѝ да тргне по нејзините стапки и да запее професионално“, открил извор за српски „Свет“.
Според магазинот, и Димитров бил воодушевен од идејата и веднаш прифатил да ѝ направи песна на Луна.