Луна Џогани, победничката на реалното шоу „Задруга 2“, вчера во студиото на Дарко Димитров ја сними својата прва песна. Таа еден ден по победата во шоуто дојде во Скопје, па со слики на „Инстаграм“ од студиото на Дарко се пофали дека тоа бил најубавиот ден во нејзиниот живот.
За новата песна на Луна пишуваа и српските медиуми, со коментар дека таа сака да ја надмине Анастасија Ражнатовиќ, на која Дарко неодамна ѝ направи две песни, а наводно веќе работат и на трета. Тие потсетија и дека девојките во минатото беа најдобри пријателки, ама дека не разговараат со години.
Уште додека Луна беше во шоуто, српските медиуми пишуваа дека нејзината мајка, пејачката Анабела Атијас, ќе му плати на македонскиот композитор и продуцент 20.000 евра за да ѝ направи три песни. Анабела сакала Дарко да ѝ ги прави песните на Луна откако тој продуцираше две песни за Анастасија Ражнатовиќ и двете песни веднаш станаа хит, пишуваше „Свет“. Според магазинот, и Димитров бил воодушевен од идејата и веднаш прифатил да ѝ направи песна на Луна.
Луна Џогани нуди 20 илјади евра Дарко Димитров да ѝ направи песна