Маестро Александар Џамбазов, таткото на Игор, наполни 85 години. Роденденот му го честиташе неговиот син, кој сподели фотографија на која е познатиот диригент и композитор свири на пијано. „Среќена 85-ка местро мој“, напиша Игор.
За разлика од предходните години, кога Игор организираше вистинска фешта за роденденска забава во „Скара бар“ и на која дојдоа најблиските пријатели на Игор, актери и музчки соработници, оваа година заради пандемијата нема голема зроденденска забава.
Александар Џамбазов е роден село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио-телевизија, како диригент на танцовиот и ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број награди.
View this post on Instagram