Актерката Магдалена Ризова утре ќе го прослави 25-годишниот јубилеј како професионален актер. По тој повод на малата сцена во „Театар Kомедија“ утревечер, 14 април, ќе се одигра романтичната комедија „Дони Дарк“, во режија на Роберт Ристов, претстава со која Ризова ја започна соработката со „Театар комедија“ во септември 2017 година.
Оваа актерка има одиграно многу улоги на сцената на МНТ: Коробочка во „Мртви души“ (Гогољ), Аце, бабата и Евдокија во „Буре барут“ (Дејан Дуковски), насловната улога во „Мурлин Мурло“ (Николај Кољада), Мими во „Грев или шприцер“ (Сашко Насев), Јохана во „Баал“ (Брехт), Даница во „Народен пратеник“ (Б. Нушиќ), Оливер во „Глембаеви“ (М. Крлежа), Госпоѓата во „Слугинки“ (Жан Жене), Андромаха во „Големиот смок“ (Митко Маџунков), Ангелина во „Лепа Ангелина“ (Блаже Ристески), Бопчински во „Ревизор“ (Гогољ), Евгенија во „Болва во уво“ (Ж. Фејдо), Шарлота (1997) и Варија (2013) во „Вишновата градина“ (Чехов), Љупка во „Оркестар Титаник“ (Христо Бојчев), Хорацио во „Аферата Елсинор“…