Маја Бошкоска, планинарката од ПК „Кораб“ на 14 февруари го искачи највисокиот врв на јужната и западната полутопка, Аконкагва. Тој се наоѓа на 6.962 метри надморска висина во масивот Анди, блиску го границата на Аргентина и Чиле.
Маја стана третата жена од Македонија која успешно го искачи врвот. Таа беше дел од мешана експедиција, која ја сочинуваа планинари од поранешните југословенски републики. Досега од Македонија Аконкагва ја имаат искачено две жени – Илина Арсова во 2010 година и Виолета Велкоска во 2012.
Маја беше дел и од првата македонска женска екипа што се качи до врвот Мера на Хималаите.