Маја Оџаклиевска проговори за аутизмот на внукот: Се надевам еден ден ќе можам да разговарам со Лука

By

Пејачката Маја Оџаклиевска во едно скорешно интервју отворено зборуваше за семејството и за внукот Лука, кој пред осум години се разболел од аутизам. Оттогаш Маја не се одвојува од него, со надеж дека и ќе му го олесни животот.

dobivaj vesti na viber

Иако долго време не зборувала за проблемите што ги има нејзиниот внук, Маја во јавноста често ја потенцира болеста на Лука, со цел да покаже дека децата со хендикеп можат да се сакаат, и тоа многу. Маја го води Лука кај биоенергетичар и вели дека секој ден му е подобро, но дека сето ова бара голема посветеност.

„Се надевам дека некогаш ќе можам да разговарам со него. Се борев и ќе се борам додека не се излечи. Надеж ми дава тоа што потпевнува со мене. Не изговара зборови, но мелодиски ме следи. Многу работи разбира, исклучително интелигентно дете е, но само не умее да се изрази. Ние двајцата одлично се разбираме. Сфаќа што му зборувам, а често му повторувам: ‘Ако не бидеш добар, ќе почнам да те бакнувам!’ Тој не сака да го бакнуваат. Кога велат дека внуците се сакаат повеќе од децата, јас велам дека тоа не е точно. Децата со хендикеп се сакаат најсилно! Секое внуче кое е здраво и право може да се препушти на родителите и да не мислите многу на него, а на децата кои не се здрави сакате да им помогнете и да направите што можете“, рекла Маја во интервјуто.

Ќе ви се допадне