Мајчин јазик од Влатко за Заев

Македонскиот музичар Влатко Стефановски на премиерот Зоран Заев му подари копија од неговиот последен албум „Мајчин јазик“. Тој албумот му го подари и на словенечкиот премиер Миро Церар кој неодамна беше во посета на Македонија.

Заев се пофали дека добил ЦД од најдобриот гитарист кај нас на својот фејсбук профил.

„Влатко Стефановски е наш заеднички пријател и го освојува светот со својот талент. Влатко е гордост на Македонија и луѓето како него само нѐ прават поблиски и побогати како народи на Балканот, сплотени во визиите за соработка и развој на нашите земји,“ напиша тој покрај фотографијата.

Scroll to Top