„Мајка ми на 82 години помина лесно, а јас се борев за својот живот“, Благоја Грујовски ја победи короната

Фолк-пејачот Благоја Грујовски го победи коронавирусот и сега е дома со најблиските. Тој два дена минал во болница и сега вели дека се чувствува добро и дека следи период на зајакнување.

„Бев донесен во болница во многу тешка состојба. Додека мајка ми на 82 години мина речиси без никакви симптом, јас ја поминав најголемата голгота во животот. Но, сега сум дома и се чувствувам многу подобро“, изјавил Грујовски за svet-australia.

Пејачот вели дека на почетокот не го сватил вирусот сериозно и покрај сите предупредувања.

„Јас како и повеќето здрави луѓе, бев убеден дека вирусот не ми може ништо, што е голема заблуда. Ја научив лекцијата на потешкиот начин“, вели Грујовски .

 

Scroll to Top