Македонец во Монте Карло промовираше свој музичко-моден пакет

Македонскиот трап артист и моден дизајнер Ванчо Пашалиски, познат како Стар Бој, неодамна во Монте Карло го претстави својот „Инфинити бокс“, музичко-моден пакет кој содржи маичка, цд, беџ со логото на неговиот моден бренд Royalty Paris и стикери.

Стар Бој неколку години живее во Париз, каде што создава музика и креира облека за сопствениот моден бренд. Тој лани во Македонија промовираше три видеа и три песни што се најдоа на неговиот деби албум. Приказната ја продолжи со првиот дизајн од бренд, а кој сега се најде во неговиот „Инфинити бокс“.

Ванчо вели дека со својата музика и модните дизајни сака да ја промовира Македонија во светот, а Париз е, поред него, најдоброто место каде што може да го направи тоа.

Scroll to Top