Македонијa 12-та на детската Евровизија

Македонската претставничка на детската Евровизија, Марија Спасовска блесна на сцената во Минск Белорусија, освојувајќи го 12-тото место, во конкуренција од вкупно 20 песни.

Победник на јуниорскиот натпревар за најдобра песна во Европа беше полската претставничка, Роксана Вигел.

Марија Спасовска се претстави со песната „Дома“, освои вкупно 99 поени. Таа имаше интересен настап надополнет со визуелни ефекти на сцена.

Во изборот на победникот во конкурсот за деца учествува и гледачите, регистрирајќи ги своите глaсови онлајн.

Тинејџерката Роксана на меѓународниот натпревар за песна на „Детска Евровизија 2018“ освои 215 бодови, а ја изведе песната насловена „Anyone I Want To Be“.

Во првата петорка се најдоа уште и Франција со 203 поени, Австралија со 201 поен, Украина 182 поени и Малта со 181 поен.


 

 

Scroll to Top