Македонија ја има најхрабрата жена војник во Армијата, Неда Волчева повторно е избрана за командир на најдобриот вод

Македонија ја има најхрабрата жена војник во Армијата. Неда Волчева е командир на најдобриот вод во Армијата и таа е една од ретките жени офицерки во Македонија.

27-годишната Неда досега двапати е прогласена за командир на најдобриот вод, а денес претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, ѝ го честита успехот.

„Командир на најдобриот вод во нашата Армија е поручник Неда Волчева. Со 27 години двапати по ред е прогласена за командир на најдобар вод. Како една од ретките жени офицерки во нашата Армија, со својата сигурност и храброст се надевам ќе реди големи професионални успеси“, рече Пендаровски.

Scroll to Top