Македонија стана европски шампион

Таеквондистите од македонскиот претставник ТКД Бутел од Скопје се враќаат со златен и сребрен медал во поединечна конкуренција. по настапот на седмото Европско клупско првенство за сениори во таеквондо, кое се одржа во Солун, Грција. Европски шампион во категорија до 87 килограми е Филип Додевски, кој со пет победи го освои златниот медал. Во петте борби тој ги совлада: Дијамантидис од Грција, Бабаевски од Русија, Антониос од Грција, Трабелси од Австрија (носител на бронзен медал од Светското првенство) и Драшко Јованов од Србија.

 

Во категоријата +87кг, вицешампион е Дејан Георгиевски. До сребрениот медал дојде преку победите над Марчетиќ од Србија и Омар од Франција. Во финалето во цврста борба загуби од актуелниот светски шампион кој се бори за Австрија – Нигериецот Абдул. Тренерот на ТКД Бутел – Дарко Костовски, ги пофали и одличните настапи на Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски и посебно Костадин Георгиевски, кој за малку не стигна до медал.

Scroll to Top