Македонка ќе сними песна со Селин Дион

Македонската пејачка Оливера Ѓоргоска во Лас Вегас се запозна со пејачката Селин Дион. Таа не го криеше воодушевувањето што се запознала со една од најголемите светски музички ѕвезди, па сподели неколку заеднички слики. „Ќе снимам ли песна заедно со Селин? Ќе дознаете наскоро“, напиша таа и откри дека ѝ се исполнил животниот сон.

„Не можам да го опишам чувството кога ќе го сретнеш својот идол. Тоа е остварување на соништата. Јас буквално пораснав со нејзините песни и почнав да пеам заради неа. На мојот канал на Јутјуб, повеќето песни што ги препеав се од Селин Дион. Се топам на оваа фотографија! Толку прекрасна жена и однадвор и однатре! Те сакам Селин. П.С. Некој нека ме штипне“, додаде Оливера.

Јавноста ја запозна Ѓоргоска преку учество во музичкото талент шоу „Моја ѕвезда“. Во Македонија сними неколку песни, па во 2011 година се пресели во Америка. Во Лас Вегас заврши факултет и сега таму работи како професор по музичко. Селин не е првата ѕвезда со која се запознала Оливера. Таа претходно се пофали дека се дружела и со Бебе Реџа.

Scroll to Top