Македонка освои бронза на Светското првенство во таквондо

Ана Марија Георгиевска на Светското првенство на јуниори во таквондо што се одржа во Тунос, го освои бронзениот медал. Младата девојка ги победи своите противнички од Египет, Аргентина и Иран, ама беше поразена во полуфиналето од натпреварувачка од Кореа.

Ана Марија е актуелен балкански шампион во јуниорско таквондо. Таа во септември ќе настапи на Младинските олимписки игри што ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина.

Scroll to Top