Македонката Ева Јовановска меѓу најубавите во Евроазија

Во Анталија, Турција, се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој македонската претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.  Ева е од Тетово, има 17 години и членка е на модното студио „Црнокрак’, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина.

Таа исто така имаше забележителен настап на талент-шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка. На финалето Ева носеше модели кои специјално за оваа пригода за неа ги изработи студиото „Краљевски“.
Изборот се одржа во  хотелот „Спајс“ во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40. финалистки на Мис Евроазија 2021.

Scroll to Top