Македонска гимнастичарка освои сребро во Германија

Македонката Илина Соколовска го освои второто место на републичкиот натпревар по ритмичка гимнастика кој се одржа во Гитерслог, Германија. Илина со семејството живее во Германија и настапува за германската лига. Германците го препознаа квалитетот на Илина и вложуваат во нејзиниот талент. Иако има само 12 години, поради големиот талент таа се натпреварува со повозрасната, професионална група на јуниори. Минатиот месец на првиот натпревар таа освои златото, а на последниот натпревар беше втора и освои сребро.

„Беше фантастична, имаше настап со три елементи, со јаже, чунови и тркало. Илина имаше многу добар настап, но првото место ѝ избега за нецел поен. Победничката има 15 години и настапува во истиот клуб со Илина“, напишаа медиумите во Германија за Илина.

Илина, која е еден од најголемите таленти по ритмичка гимнастика во Германија досега има освојувано многу златни пехари. Во нејзината категорија беше прогласувана и за најдобра во Германија, а лани на првиот интернационален натпревар во Украина го освои првото место и беше прогласена за принцеза.

 

Scroll to Top