Македонска манекенка е главна во новата реклама за 7UP

Македонскиот модел Сандра Цветкова во Лондон сними реклама за популарниот освежителен пијалак 7UP. Таа објави неколку слики од зад сцената, а рекламата треба да се појави наскоро во сите европски држави. Сандра веќе неколку месеци е во Лондон и во овој период сними неколку едиторијали и беше дел од модни кампањи на британски дизајнери.

„Сандра е голем професионалец, таа е одговорна и посветена на работата како ретко кој модел. Има неодолива насмевка и вроден шарм и се надевам дека тоа ќе ја одведе во центарот на светската модна индустрија“, вели Алек Наумовски од „Моделс ИН“, матичната агенција на Сандра.

Македонската манекенка неодамна потпиша договор за британската агенција „Моделс плус“ и тие ќе се грижат за нејзината европска кариера.

 

Scroll to Top