Македонски деца најубави во галаксијата

Вчера во Народниот театар во Банско, Бугарија, се одржа детски избор за убавина LITTLE MISS & MISTER GALAXY 2018. Македонија ја претставуваа 4 деца од модното студио „Црнокрак“. Во конкуренција од 4 до 7 години Деа Петрушевска ја освои титулата „Мала принцеза на галаксијата 2018“, а во конкуренција од 8 до 11 години истата титула ја освои Викторија Клецкаровска. Во машка конкуренција, пак, Дарио Атанасовски (8) стана најмалиот „Мистер на галаксијата за 2018“, а неговиот 10-годишен брат Теодор Атанасовски ја доби титулата „Мал принц на галаксијата“.

„Навистина сум горд на сите дечиња. Сите имаа прекрасен настап на финалната вечер, но не само финалето туку целиот престој во Банско и нивното однесување беа за пример. Поминаа прекрасни 7 дена во овој познат ски-центар и се запознаа со деца од цел свет“, ни изјави Мики Црнокрак, кому му беше доделена наградата за најдобар национален директор.

Децата на модната ревија се претставија во креации на Елизабета Ефремова. Модното студио „Црнокрак“ поседува лиценца за овој детски избор на убавина, кој деветта година се  одржува во организација на модната агенција „Интерсаунд”, од Софија, Бугарија.

 

Scroll to Top