Македонски фустан на дизајнерот Златко Јовановски на снимањето на светската ѕвезда Тајга

Светски популариот пејач Тајга, поранешен дечко на Кајли Џенер, сликаше фотосесија за насловна страница на магазинот BASIC vo Лос Анџелес . Додека било сликањето, во исто време се снимил и краткометражен моден филм, во кој стилистите на Tајга за снимањето на овој филм го избрале фустанот од македонскиот моден кретарот Златко Јованосвки и неговата колекција JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier.

 

„Од неодамна дел од колекцијата што беше претставена на Harbin Fashion Week во Кина е во шоу-рум за сценска мода во Лос Анџелес, па така и овој фустан се најде на снимањето. Во  шоу-рум има многу дизајнери кои изложуваат таму, но стилистите на Tајга го одбрале токму мојот фустан за потребите на снимањето. Честа е огромна, пресреќен сум“, раскажа Златко Јовановски за „Репортер“.

 

Scroll to Top