Македонски модели главни во светски модни кампањи

Алек Наумовски од модната агенција „Моделс ИН“ вели дека три македонски модели во моментов се дел од кампањите на неколку светски брендови.

„Јас сум повеќе од среќен и горд на нив, нивниот успех е порака дека сме на вистинскиот пат да работиме уште повеќе, за да ги гледаме и во иднина нашите топ модели насекаде низ светот. Нивниот успех се запишува во историјата на македонската мода“, вели Алек.

Алек вели дека топ модел Елена Реи во моментов е актуелна со кампања за Cerruti 1881 и нејзиниот лик се појавува на реклами во сите главни европски центри. Таа е главен лик и во кампањата за накит Belpearl, а билборди со накитот што го рекламира Елена беа поставени во Копенхаген, Мјанмар и Џакарта.

Најуспешен машки интернационален модел на „Моделс ИН“ во моментов е Павле Николовски, кој е заштитно лица на брендот Barbosa. Реклами со неговиот лик имаше насекаде на Балканот.

Јована Нешова, која е интернационален модел три години, неодамна беше во центарот на вниманието на светската јавност со кампања за козметичката куќа Blenuit, а реклами со нејзиниот лик имаше во центарот на Шангај и Пекинг.

Scroll to Top