Краткометражниот филм „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска, а во продукција на „Кино Oко” ја доби наградата Санта Луциа за најдобар интернационален краток филм на фестивалот во Богота, Колумбија.
Филмот неодамна ја освои „Големата награда” на фестивалот во Билбао, се квалификуваше за Оскар, доби номинацијата за Европските филмски награди, а ја освои и наградата „Златна колица“ за најдобар краток филм на фестивалот во Загреб. „Северен пол“ беше номиниран за награда и на Канскиот филмски фестивал.
Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.
По фестивалот во Богота, филмот ќе се прикажува на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.