Македонскиот кандидат ѝ пееше на својата сопруга во „Никогаш не е доцна“

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше  45-годишниот Игор Ангелов од Струмица, кој работи како наставник по музика. Тој раскажа дека уште од второ одделние почнал да свири и да заработува, а неговата желба е да стигне до крајот на музичкото шоу.

Поддршка на македонскиот кандидат беше неговото семејство, односно неговата сопруга и двете ќерки.

Ангелов се претстави со песната „Теби“ од Мирослав Илиќ, а додека ја пееше песната, тој постојано гледаше во својата сопруга која Жика Јакшиќ ја изведе на сцената. Па така  Игор јавно ѝ пееше на својата сопруга.

„Јас толку уживав. Ова е една прекрасна приказна, уживав додека го слушав овој глас. Браво. Ова го можат само Македонците“, рече Неда Украден, која е член на жирито.

Scroll to Top