Македонскиот тенор Благој Нацоски со концерт ќе прослави 20 години кариера

Македонскиот тенор Благој Нацоски на 4-ти февруари во Македонската опера и балет ќе одржи концерт по повод 20 години кариера. Концертот е насловен „Вечер со Благој Нацоски – првите 20 години“.

Нацоски ќе настапи заедно со Јанинка Невчева како пијано соработник, а гости на концертот на Нацоски ќе му бидат македонскиот сопран  Наде Талеска Спаовска, баритонот Васко Здравков, а водител на концертот е биде Огнен Јанески.

Концертот на Нацоски ќе започне во 20 часот.

 

 

Scroll to Top