Македонскиот тренер Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 18-та рекордна победа во ВТБ-лигата

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ ја предводеше ЦСКА Москва до осумнаесеттата победа по ред во ВТБ лигата. Рајковиќ е првиот на кого му успеало да оствари 18 победи по ред. ЦСКА Москва со 92-75 го победи тимот на МБА Москва кој имаше минимално водство на полувремето.

Кошаркарите на Рајковиќ направија пресврт во вториот дел и на крајот дојдоа до убедлив триумф.

Scroll to Top