Македонските музичари на хуманитарен концерт во Швајцарија собираа донации за лекување на 10 луѓе

Антониа Гиговска, Сузана Гавазова, Дамјан Стојаноски, Ален Хасановиќ, групата „Болеро“ и многу други македонски музичари викендов пееја на хуманитарен концерт што се одржа Швајцарија. На концертот што го организираше друштвото „Пирок“ дојдоа околу 3.000 Македонци од Швајцарија, Италија, Словенија, Германија, Белгија… Тие донираа средства за десет лица од Македонија на кои им е потребно лекување во странство и собраа околу 10.000 евра.

На забавата се играа ора, се пееја народни и забавни песни, а гостите се запознаваа и пејачите и бараа да се сликаат со нив.

По концертот, претседателот на друштвото, Никола Трендафилов, најави дека во иднина повторно ќе организираат слични хуманитарни настани.

Scroll to Top