Стефан Манасиевиќ и Иван Петровски освоија први места на фестивалот „Есенски Шуменски вечери“ во Бугарија. Иван наградата ја освои во категоријата за авторска композиција – тој ја напиша песната „Птицо одлетај“ која на фестивалот ја пееше Стефан. Стефан, пак, победи во категоријата поп-рок музика, а ги испеа песните The Ѕhow Must Go On и Je t’aime.
За потсетување, Стефан неодамна ја промовираше неговата трета песна „Знам дека постоиш“. Текстот, музиката и аранжманот и за оваа песна ги направи Иван.