На социјалната мрежа Инстаграм се појавија стикери на македонски јазик #ПетокМиЕ која од денес се достапни за користење. Креатори на едицијата стикери се Ико Илиевски и Димитар Караташев.
„Дојди во маало“, „Штеди, криза е“, „Верувај во себе“, „Ај на клупи“, „Седни учи“, „Тотално зелени“, „Испитна ми е“, „Не се сите исти“, „Лето е“ се само дел фразите кои ќе ги најдете како стикери.
Основата цел за креирањето на стикерите е што повеќе да се користи македонскиот јазик на социјалните мрежи, велат креаторите.
Илиевски и Караташев велат дека основната цел за креирање на стикерите им била младите, но и сите граѓани повеќе да го користат македонскиот јазик на социјалните мрежи.