Маленко го подучи Џамбазов како да ја расположи Илина оти имал искуство

Игор Џамбазов неодамна сподели видео на социјалните мрежи со кое покажа како сакал да ја расположи Илина. Облечен во маичка на која пишува „Ние дебелите ќе ослабнеме, вие глупавите што ќе правите“, со капа за пливање и пераи на рацете и нозете игра во видеото за кое напиша :Пред две години, на овој ден. Неа ја болеше коленото. Многу. И само сакав да ја расположам. Не ми успеа… А потоа ги праша фановите: „Кај некој од вас функционира? Ало, студио… се слушаме?“

Неговото видео на социјалните мрежи веднаш го коментира поранешниот пливач Александар Маленко. Па му кажа на Џамбазов дека како искусен љубовџија ќе го опреми целосно за следниот пат кога ќе се најде во ваква ситуација за да ја расположи Илина.

„Ам клај наочари за пливање, да си комплетен, вака ја имаш збунато скроз, Маленко го совертува Џамбазов, на што овој му одговори: „Ам овие се за во Дојран, ме штитет од пиранине“.

Scroll to Top