Мамо, ме излажа, ми вети дека ќе бидеш добро

Панчо од дуото „ДНК“ денеска сподели своја емотивна приказна и ги растажи своите обожаватели. Тој раскажа дека на денешен ден пред 4 години починала неговата мајка или, како што вели, заминал неговиот најголем идол.

„На денешен ден си замина мојот најголем идол. Пред да заминеш ми велеше дека сè ќе биде в ред и дека времето лечело сè. Не е така, за првпат ме излажа. Поминаа 4 години, а твоето отсуство секој ден е сè поприсутно. Среќен сум само дека си на подобро место, далеку од овој лицемерен свет полн со лага, омраза и завист.

Некогаш и негде, таму горе ќе се видиме пак и ќе бидеме повторно тим, но тогаш, ти ветувам, ќе бидеме засекогаш“, напишал Панчо.

Неговата мајка почина пред 4 години од рак, а тој бргу потоа го сними својот нов албум „Уште еден ден“, кој беше посветен на неговата мајка.

Scroll to Top