Поранешната манекенка, сегашна одделенска наставничка, Маја Глигоровска, направи фотосесија зa новата модна линија на „SO Fashion“ во Монте Карло, Монако.

Глигоровска позираше заедно со Поли Канабис од Белорусија и Јелена Јачиќ од Црна Гора, а фотосесијата ја организираше Роберт Граматиков.

Глигоровска за „Репортер“ вели дека иако не се занимава активно со манекенство, понекогаш прифаќа да одработи понекоја фотосесија оти и претставува предизвик.

Како следен ангажман прифатила да биде водителка на изборот „Мис универзум“ кај нас.






