Манекенката Симона Станковска стана мајка

Манекенката Симона Станковска стана мајка. Таа на „Инстаграм“ откри дека родила син. Симона се породи во Србија, каде што живее веќе неколку месеци, откога летово се омажи за српски спортист.

Симона, која е и поранешна водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, во 2013 година беше избрана за Мис на Македонија.

Scroll to Top