Марија го збудале Слаткар

„Сите очи се вперени во тебе… Тебе ти треба мангуп, а не деген“, пее Слаткар во новата песна „Марија“ што ја промовира деновиве. Фановите ем го пофалија за песната, ем го прашаа која е таа Марија што му го сврте умот. „Те збудале оваа Марија, да не ја батали Сања?“, стои во еден од коментарите под видеото.

Песната „Марија“ е во соработка со грчките музичари Мосел и Слоган. Неговата издавачка куќа „Иноватива“ ја најави песната како првата македонско-грчка музичка соработка. „Музиката е секогаш над политиката“,  велат оттаму. Музиката за песната е на Слаткар и Мосел, текстот го напишаа Слаткаристика, Мосел и Слоган, а аранжманот на песната го направија Иван Јованов-Ивајо и Брет Битс.

Scroll to Top