Марија Груевска како Селма Хајек со змија околу врат влезе во финалето на Гранд

Натпреварувачката Марија Груевска од Битола во синоќешната емисија на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ ги шокираше сите во студиото кога се појави со змија околу струкот.

Таа за време на целиот свој настап имаше змија околу струкот која беше обвиткана околу неа додека ја изведуваше песната „Негатив“ од Тијана Дапчевиќ. Груевска со својот провокативен стајлинг предизвика огромно внимание, но фокусот сепак беше животното.

Членовите на жирито беа шокирани кога го видоа нејзиниот перформанс, додека Ана Бекута и Вики Миљковиќ цело време се препотуваа поради змијата. Вики во еден момент почна да се лади со лепеза, а по нејзиниот израз на лицето можеше да забележи дека нејзе не ѝ беше нималку пријатно.

„Човече, треба храброст за вакво нешто“, се сложија сите по нејзиниот настап, кој и тоа како остави впечаток.

Scroll to Top