Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на Јуниор Евросонг 2018

Марија Спасовска, ученичка во осмо одделение, ќе ја претставува Македонија на Јуниор Евросонг, кој ќе се одржи на 25 ноември во Минск, Белорусија. 12-годишната Марија е избрана на аудиција што се одржа во Македонската радио-телевизија на 18 август. На аудицијата се пријавиле 11 кандидати, а настапиле 10.

Комисијата, откако ги преслушала сите кандидати, едногласно ја избрале Марија Спасовска. Велат, Марија имала најдобар настап, потврдила дека е одличен пејач и достојно ќе ја претставува Македонија во Минск.

Публиката ја запозна Марија пред неколку години кога се натпреваруваше на музичкото регионално шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа има издадено цеде со седум песни. Таа има две втори награди на настапи во Минск, Белорусија и во Струга. На Славјански базар освои трето место, а ја пееше „Црно и бело“ од Калиопи. Минатиот викенд Марија ја доби наградата за најдобар глас на меѓународниот фестивал „Тра ла ла“.

 

Scroll to Top