Марјан Србиновски тешко повреден во сообраќајна несреќа

By

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски доживеал тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово. Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.

Србиновски веднаш бил пренсен во болница во Тетово, каде му биле утврдени тешки телесни повреди.

Од МВР ја потврдија веста и соопштија дека несреќата се случила во утринските часови на автопатот Гостивар – Тетово кај клучката Жеровјане. Марјан возел со возило „Фолксваген Пасат“, со гостиварски таблици.

Поранешниот кошаркар излетал од патот и удрил во бандера за улично осетлување велат од МВР. Увид на местото на настанот веднаш извршила екипа од СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајна незгода доживеал и тренерот Александар Јончевски.  Јончевски го удрил товарно моторно возило додека се возел на мотор со сопругата.  Неговата сопруга е на операција, но лекарите велат дека е надвор од животна опасност.

 

Ќе ви се допадне

High School DxD (https://funimationfree.com/m/YpD) Episode 12 at Funimation funimation library

Fairy Tail (Dub) (https://animeheaven.pro/m/AWKr) Episode 175 at AnimeHeaven animeheavens