Вечерашната премиера на филмот Барби во Скопје беше најпосетената премиера на Балканот. Во киното „Синеплекс“ вчера беа продадени 1843 билети, и со тоа Скопје постави рекорд на најмногу продадени билети за една вечер на филмот Барби.
View this post on Instagram
Во очи падна македонската Барби, Марјана Станојковска, која го сврте вниманието кон себе, а во розовиот фустан со циркони и сандали, таа навистина потсети на најпопуларната кукла.
„Сите Барбики се на едно место. Здраво Барби. Здраво Кен“, вели Маријана и го најави прикажувањето на филмот со Марго Роби и Рајан Гослинг. Пред почетокот на проекцијата на филмот, таа беше атракција во холот на киното „Синеплекс“.