Марко Блажевски го подобри сопствениот државен рекорд на 100 метри градно

Пливачот Марко Блажевски 100 метри исплива за 01:03.05 и со тоа го подобри сопствениот државен рекорд што го постави пред две години. Марко најдоброто време го исплива на Зимскиот национален шампионат во САД во 50 метарски базен. Неговиот стар рекорд изнесуваше 1:03.57, а го постигна во Лондон.

На шампионатот во САД тој најпрво исплива време од 1:03.27 и се пласираше во Б финалето, а таму го постави рекордот од 1:03.05 со кој го освои шестото место во трката.

Во вкупниот пласман на Зимскиот национален шампионат во САД, Марко Блажевски го освои 14. место.

Scroll to Top