Марко Марк наполни 31 година

Телевизискиот и радиоводител Марко Марк денеска го прославува 31. роденден. Си ги сака родендените, сака да прославува и вели дека годините се само бројка.

„Вистината е дека си онолку млад колку што ти е млад духот. Ѝ се радувам на триесет и единицата и на предизвиците што ќе ми ги донесе,“ ни рече Марко.

Марко е голем авантурист, човек што е секогаш насмеан и зрачи со позитивна енергија. Обожава да се искачува на планини, да патува и да пие кафе со пријателите, но денот не може да го замисли без дружење со внуките и кучето Оби.

(А.Ј)

Scroll to Top