Со розева торта, балони и букет од розеви ружи, пејачката Мартија Станојковиќ прослави 19. роденден.
Таа роденденска забава направила во кафуле со блиски пријатели. Нејзината мајка Снежана, со емотивна порака и честиташе роденден.
„Помина цела една година од твоето полнолетство, се радувам што го сфати животот, сериозно ја сфати одговорноста! Продолжи да работиш на себе, продолжи да се градиш да ги достигнеш сите замислени цели. Те сакам со цело мое срце и душа и гордо стојам позади тебе како твоја најголема поддршка. Биди жива среќо моја“, напишала мајка на Мартија.
Инаку Мартија оваа година е матурантка, па неодамна нејзината мајка објави слика од табло.
Мартија македонската јавност ја запозна како учесничка во регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“ каде заедно со Антониа Гиговска настапуваа во иста сезона.