Мартинијан со Карлеуша го освојува „Гранд“

Пејачот Мартинијан Кириловски, кој се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“, се пофали дека ќе пее и во четвртиот круг на шоуто. Тој откри дека бил подобар од неговиот противкандидат Марта Јовичиќ и дека оди во следната фаза. „Гледајте ја најновата емисија од шоуто в сабота, ќе биде возбудливо“, напиша тој на „Фејсбук“.

Мартинијан во првиот круг за свој ментор ја избра Јелена Карлеуша. Таа му помагаше да ги спреми песните за вториот круг. За третиот круг Мартинијан го подучуваа и Карлеуша и Ивана Петерс, која ја замени Карлеуша во шоуто по смртта на нејзината мајка. Според правилата на шоуто, од третиот круг кандидатите настапуваат во дуели и се борат еден против друг за да поминат директно во следната фаза, а Мартинијан беше подобар од кандидатката на Ана Бекута.

Мартинијан е еден од неколкуте Македонци што ќе пеат во третиот круг. Освен него, во третиот круг ќе настапат и Огнен Здравкоски, Елена Миленковска, Адам Лабунски, Ангел Јовевски, Филип Пецовски и други.

Scroll to Top